Живот и Стил

Едноставни додатоци во водата која ја пиете во текот на денот ќе направат чуда за вашето здравје

Едноставни додатоци во водата која ја пиете во текот на денот ќе направат чуда за вашето здравје

Чаша вода е најдобар пријател на нашето здравје, а таа може да биде уште поблаготворна ако во неа додадете некои зачини и билки кои имаат одличен ефект на здравјето.

Свежо исцеден лимонов сок или сок од грејпфрут

Лимонот и грејпфрутот се одличен извор на витамин Ц, кој е важен антиоксидант кој помага во неутрализација на слободните радикали во телото. Исто така, тој е одличен прочистувач на организмот кој го поттикнува варењето.

Свежи листови нане

Нането може да го одгледувате во дворот, на балконот, но и внатре во својот дом. Тој ги активира жлездите за плунка и ензимите за варење кои му помагаат на телото да апсорбира хранливи материи од храната која ја конзумирате. Поради своите смирувачки својства, помага кај желудочните тегоби.

Каранфилче

Освен што помага кај проблемите со системот за варење, успешно помага во борбата против паразитите кои се наоѓаат во човечкиот организам, поради различни фактори. Додајте во водата 3-5 цели каранфилчиња и оставете да отстојат пред да почнете да ја конзумирате водата. Кога ќе ја испиете водата, можете да го изедете каранфилчето.

Ѓумбир

Коренот од свеж ѓумбир дава фин свеж вкус и мирис. Помага кај мачнини, грчеви, гасови и лошо варење. Освен тоа, ѓумбирот ја поттикнува циркулацијата и делува против – воспалително.

Свежа краставица

Краставиците даваат одличен вкус, а потоа можете и да ги изедете кога ќе ја испиете водата. Помагаат во исфрлање на токсините и го снабдуваат телото со вода. Содржат антиоксиданти и природни влакна.

извор: курир.мк

To top