Луна Џогани по победата на регионалното музичко шоу, одлучи да се занимава со пеење.
Таа ја објави својата прва песна „Девети круг“, а како што изјави неколку пати досега првата песна ја посветила на себе, а песната зборува за тоа што поминала низ последниот период.
Таа на својот „Инстаграм“ објави дел од видео записот, а под него се најде еден коментар.
„Дали ти ја копираш Анастасија Ражнатовиќ? Лоша копија“ стои под објавата.
Меѓутоа, за песната на Луна има и позитивни коментари со кои ја пофалијa. „Браво Луна“, „Светски направено“ се само некои од позитивните коментари.
Ражнатовиќ неколку пати досега истакна дека не е ни блиску до Анастасија и дека не ја копира.
Аражманот на новата песна на Луна го направи Дарко Димитров кој инаку ги направи и двете песни на Анастасија Ражнатовиќ.
Во продолжение слушнете ја песната која за еден ден има повеќе од милион прегледи.