Силната болка на едната или двете страни, чувствителност на светлина, гадење и слабост се некои од последиците од сериозна главоболка.
Мигрените и главоболките почнуваат да претставуваат проблем за се повеќе луѓе и целосно да го блокираат нормалниот секојдневен живот.
Сара Кристал, невролог и специјалист за мигрена, тврди дека повеќето главоболки се резултат на стрес, промени во биоритмот, хормонален дисбаланс и прекумерни количини на кофеин. Дополнително, исхраната полна со чоколадо, сирење, нитрати и адитиви исто така може да претставуваат причина за болка. „Причините за мигрена често се генетски. Секоја личност има сопствен причинител и поради тоа не постои универзално решение за мигрената“, тврди за Woman’s Health.
Затоа лекарите препорачуваат лекови, но исто така и природни решенија.
Еден од алтернативните начини за лекување е есенцијалното масло од нане, тврди Кристал, додавајќи дека ментолот е активна состојка во етеричното масло од нане и докажано помага во ублажување на главоболките.
Истражувањето од 2015. година, објавено во Frontiers in Neurology, сугерира маслото од нане да се користи за масажа за отстранување на мигрена:
Растворете неколку капки етерично масло од пеперминт во друго масло како на пример кокосово
Масирајте со маслото на слепоочниците и на челото, користете кружни движења
Масирајте 1 минута
Во случај масажата да не ви помогне, д-р Кристал ви предлага да ставите неколку капки есенцијално масло на марамче и длабоко да вдишете или да ставите ладна облога со маслото на чело.
извор:попара.мк