Некогашните пријатели Јелена Карлеуша и Аца Лукас водат „војна“ на „Инстаграм“.
Се започна кога Јелена напиша пост за роденденот на српски бизнисмен, а Лукас се пронајде во тој пост и веднаш и одговори.
Карлеуша не остана должна, па војната продолжи, а таа ги нападна Цеца и Анастасија Ражнатовиќ.
Српските медиуми пренесоа дека Вељко Ражнатовиќ исто така и одговорил на Карлеуша, објавувајќи заедничка фотографија со Лукас.
Меѓутоа, Цеца ги демантираше овие пишувања објаснувајќи дека Вељко нема „Фејсбук“.
Имено, Ражнатовиќ на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од веста, а во описот напиша:
„Вељко нема „Фејсбук профил“, напиша Ражнатовиќ.