Живот и Стил

Колку цигари треба да испушите за да се „навлечете“?

Колку цигари треба да испушите за да се „навлечете“?

Цигарите многу побрзо може да предизвикаат зависност отколку што порано се мислело, токму поради тоа стручњаците сметаа дека е важно да се апелира до јавноста дека воопшто нема потреба ни да пробуваат цигара.

Само еден дим е доволен да се навлечете на пушење, покажало истражувањето направено на испитаници во лондонскиот факултет „Queen Mary”.

Дури две третини од луѓето кои сакаат да пробаат цигара стануваат активни пушачи, известува Daily Mail. Добрата вест е дека во денешно време тинејџерите многу помалку паѓаат во искушение да пробаат за разлика од порано.

Користејќи ги глобалните податоци, направено е истражување на пушачките навики кај 215 000 луѓе и потврдено е дека повеќе од 60 проценти од испитаниците прв пат пробале цигара, од кои 70 проценти по истражувањето станале активни пушачи.

-Ова е прв пат да се документира зависноста која се создава само со еден допир со цигара – вели истражувачот Питер Хајек.

Тој напоменува дека во Велика Британија има разлика во бројот на пушачи последните 15 години, така што во 2001 година дури 40 проценти деца помлади од 16 години пробале цигара, додека пак денешните истражувања покажале дека 19 проценти од децата на возраст помеѓу 11 и 15 години пробале некаков вид на цигари.

-Интересен е фактот дека луѓето кои не пушат и кои пробале електорнак цигара потоа тешко се одлучуваат за повторна конзумација на истата, додека на цигара многу побрзо се навикнуваат. Очигледно дека присуството на никотин не е главната причина– продолжува Др. Хајек.

To top