Малите деца сенешто ставаат во уста. Притоа можат да почнат да се гушат. Во ваков случај, мозокот може да остане без кислород од 3 до 5 минути. Доколку недостатокот од кислород во мозокот трае подолго, може да дојде до негово оштетување. Затоа, мора да знаете како да пружите прва помош.
Чекор 1
Ставете го детето на вашите бутови и опфатете го вашата подлактница, така што лицето ќе му биде свртено надолу, а главата ќе му доаѓа подолу во однос на градниот кош.
Чекор 2
Потапкајте го детето со вашата дланка 5 пати помеѓу лопатките на грбот. Притоа, горниот дел од телото на детето треба да биде свиен нанапред.
Чекор 3
Ако детето не успее да го искашла предметот, свртете го на грб и поставете го на својата подлактница, а главата стабилизирајте му ја со раката. Главата повторно треба да биде пониско од градниот кош.
Чекор 4
Со два прсти притиснете во средината на градниот кош веднаш под линијата на брадавиците. Направете го ова 5 пати.
Чекор 5
Повторувајте го ова сѐ додека детето не го исфрли проголтаниот предмет или не почне сласно да плаче.
Чекор 6
Ако детето никако не може да го искашла предметот, повикајте брза помош и продолжете со укажување прва помош.
Важно: Сѐ додека предметот се наоѓа во дишните патишта, немојте да применувате уста на уста!
Важно: Никогаш немојте да го тресете вашето бебе!
извор:кафепауза.мк