Живот и Стил

Сладолед торта со пудинг- Десерт за врелите денови

Сладолед торта со пудинг- Десерт за врелите денови

Брза и едноставна сладолед торта готова за миг.

СОСТОЈКИ:
5 белки
5 лажици шеќер
3 лажици брашно
1 прстофат прашок за пециво
3 дл. топло млеко
ФИЛ:
10 жолчки
2 пудинга од ванила
1 л. млеко
1 лажица брашно
250 гр. шеќер во прав
250 гр. маргарин
2 кеси шлаг
ПОДГОТОВКА:
Се матат белки со шеќер и брашно со малку прашок за пециво, па се става смесата во подмачкан плех и сепече на 180 степени додека не добие златна боја, а кога ќе се олади се става врело млеко на неа.
Од оваа смеса ќе ви излезат две вакви кори.
Се вари 800 милилитри млеко на оган, а останатите 200 се мешаат со жолчки и со брашно и пудинзите, па се ставаат во млекото.
Се меша да нема грутки, се згуснува и трга од оган.
Се мати маргаринот со шеќер во прав и се додава на оладената смеса.
Се става кора фил, кора фил и се украсува со два изматени шлага.
Се лади убаво и служи.

извор: готви.мк

To top