Бразилецот Бартоломеј Кеирош едвај составувал крај со крај поправајќи во една барака детски играчки, кога пријателката му го донела својот вибратор кој и се расипал. Бартоломеј се сожалил и решил да и го поправи. Таа била одушевена. Потоа на препорака на првата, дошла уште една дама, па уште една и така мајсторот се прочул и работата тргнала.
Кеирош сега заработува сосема добро. Детски играчки и натаму најмногу поправа, но секогаш е подготвен да се фати во костец и со „непослушен“ вибратор и да го доведе во ред.
Секако, на обострано задоволство како на мајсторорт, заради добрата заработувачка, така и на муштериката заради… добриот оргазам!