Пред некој месец во медиумите како бомба одекна веста дека пејачот Даниел Кајмакоски се разведува од неговата сопруга Кристина.
Во мејл за Бекстејџ тој ја потврди оваа информација истакнувајќи дека е точно дека се разведува и дека е тоа е најдоброто за нив.
Деновиве не реагиравме на објавените новости за мене само поради една причина. Велигденските празници, кои се свети денови и треба да се исполнети со мир и љубов за секого. Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста , но за се има вистинско време. јас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зошто знаеме дека тоа е најдобро за нас. Најважно е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината. Нашите семејства и блиски пријатели знаат за разводот веќе некое време и ја имаме нивната поддршка. Сепак, за никој од нас не е лесен овој период. Би ги замолил медиумите да ја почитуваат нашата приватност – пишува Даниел Кајмакоски во мејлот за „Бекстејџ“.
Од друга страна, сега и сопругата на Даниел првпат пред камерите на „Бекстејџ“ проговори за разводот.
„Ние се разделивме на пријателски начин и сме во контакт заради нашето дете Давид„ вели Кристина и додава:
„Јас сум среќна што го поминав и тој дел, разводот доста ме созреа, а мило ми е што доживеав таква љубов бидејќи тоа сепак беше љубов. Патиштата не разделија како партнери, но ете тука сме како пријатели и родители“ вели Кристина и открива дека поминала низ еден депресивен период по разводот.
„Кога некој сакаш и ти е важен, а не успеало, нормално дека е тешко. Се е за луѓе. Никој нема да стане и да ти дојде дома и да ти каже – ајде направи нешто. Беше долг на затвореност, не сакав да комуницирам со никого. Поминав низ депресивен период, но важно е каде сме сега“ вели поранешната сопруга на Даниел.
За потсетување, Кристина и Даниел беа 3 години во брак, а заедно го имат синот Давид.