Живот и Стил

Дневен хороскоп: Петок (09.Август,2019 година)

Дневен хороскоп: Петок (09.Август,2019 година)

Овен

Денес не го запоставувајте начинот на кој се храните, од таму ќе потекнува вишокот или недостатокот на енергија. На работното место новите идеи ќе бидат посебно ценети. Не се плашете да ги дискутирате со надредените. Во љубовта очекувајте само хармонија

Бик

Денес нема да биде најважно да сте во право, туку да ги сочувате хармоничните односи, запаметете го тоа. На работното место не бегајте од предизвици и мал натпревар. Тоа ќе ви ја зајакне самодовербата. Во љубовта ќе се соочите со непријатно чувство на несигурност, па најдобро е со време да разговарате.

Близнаци

Денес е важно да не се наметнувате на луѓето околу вас, особено на колегите. Останете отворени за компромиси и нови предлози. При деловните договори потпрете се на интуицијата. Во љубовта обидете се да барате помалку, а да понудите повеќе, ако сакате да избегнете заладување на односите.

Рак

Ова е денот кога ќе откриете вистини и информации за блиски луѓе, па може да се разочарате. Потпрете се на себе и негативноста исфрлете ја преку физичка активност, не преку вербални пресметки. Во работата само држете се до приоритетите без скршнување. На поле љубов прифатете ги новите понуди.

Лав

Не летајте во облаци, држете се цврсто на земја, само така нема да направите големи грешки. На работното место повеќе комуницирајте за да избегнете било какви недоразбирања со надредените. Среќата ви е на поле финансии. Во љубовта зачувајте мала доза на мистериозност.

Девица

Флексибилноста денес ќе ви донесе среќа на секое поле. На работното место ќе остварите напредок само ако избегнувате тврдоглави постапки. Не навлегувајте во конфликти со колегите поради финансии. На поле љубов упорноста ќе ви се исплати. Што и да наумите – ќе го остварите денес.

Вага

Повеќе грижете се за физичкото здравје и за телото. Енергијата ви е во опаѓање, па завршете ги само обврските кои се неодложни. Амбициите ви се движат во добра насока, но почекајте уште некој ден за нивно реализирање. Во љубовта бидете бестрашни и не анализирајте премногу.

Скорпија

Денес не се потпирајте на никој друг освен на себе, за да не се разочарате. На работното место поставувајте повеќе прашања без да се срамите. Останете практични и приземни, ако сакате да избегнете конфликти со авторитетот. На поле љубов работите се нестабилни, па избегнувајте драстични промени и непријатни теми.

Стрелец

Денес прифатете ги советите и поддршката која ќе ви се пружи од пријателите и семејството. На работното место не давајте ветувања кои и самите знаете дека се тешки за исполнување. Бидете искрени, за да избегнете конфликти со надредените. Во љубовта повеќе грижете се за потребите на партнерот, себичноста ќе ви ги залади односите.

Јарец

Не ги игнорирајте емоциите, посебно при разговорите со пријателите. На работното место воспоставете ред и организација пред целосно да се исцрпите. Претерувате со исполнување на туѓите желби и правење на услуги. Во љубовта внимавајте на зборовите упатени кон саканата личност.

Водолија

Среќата ќе ве следи на секој чекор денес. Искористете ја за финансиски инвестиции и нови деловни проекти. Ќе запознаете интересни личности кои ќе ви отворат нови хоризонти. Не се плашете од предизвици. Во љубовта ќе ве води физичката привлечност, па не донесувајте конечни одлуки.

Риби

Денес заштитете си ја енергијата и силата и избегнувајте на сите понуди да кажувате да. На работното место мора да промените некои навики за да напредувате финансиски. Во љубовта ќе се цени искреноста. Лагите денес лесно излегуваат на површина, па избегнувајте ги дури и ако се добронамерни.

извор:нетпрес.ком.мк

To top