Живот и Стил

Во овие жешки денови разледете со овие вкусни коктели

Во овие жешки денови разледете со овие вкусни коктели

Коктелите со кои ќе го „зачините“ ова лето може да ги направите и сами. Ви ги предложуваме: Куба Либре, Мохито и Пина Колада.
Мохито

сок од половина лимета
8-9 листови нане
2 лажички кафеав шеќер
50 мл бел рум
1 дл сода или кисела вода
лед, во коцки или дробен
парчиња лимета
листови нане за украсување
Во висока чаша ставете го сокот од половина лимета, листовите нане и шеќер. Со дрвен толчник притиснете ги листовите од нане за да пуштат арома. Потоа додадете го белиот рум, мразот до две третини на чашата и неколку пати промешајте ги состојките. Ставете ја содата или водата до врвот на чашата, промешајте уште еднаш и декорирајте со парчиња лимета, нане и послужете со една или две подебели сламки.

Куба Либре

10 мл сок од лимон
50 мл бел рум
кока-кола
4-6 коцки лед
парче лимета за декорација
Ставете ги коцките лед во висока чаша, па одозгора ставете го сокот од лимон и белиот рум и додадете малку кока-кола до врвот на чашата. Декорирајте со лимета и послужете со две дебели сламки.

Пина Колада

25 мл кокосово млеко
100 мл сок од ананас
30 мл бел рум
30 мл темен рум (или повторно бел ако немате друг)
кандирана цреша
триаголник свеж ананас за декорација
коцки лед
Во блендер ставете неколку коцки лед, додадете рум, сок од ананас и кокосово млеко, па добро изматете на најсилна брзина. Ставете го пијалакот во висока или округлеста чаша и украсете ја со црешата и триаголното парче свеж ананас.

извор: среќа.мк

To top