Многумина лебот го оставаат во кутија за леб или во ормар, а притоа го чуваат во пластична или хартиена кеса.
Тоа е грешка поради која лебот брзо фаќа мувла и старее веќе после неколку часа.
Кесата полека, но сигурно ќе го „исуши“ лебот, а собната температура е идеална за развој на мувла. Плус ако лебот го оставате на места каде што може да дојде во контакт со вода, ќе фати мувла уште побрзо.
Најдобор решение, колку и да звучи чудно, е лебот да го оставите во замрзнувач.
Ако ви треба веднаш, извадете го заледениот леб, ставете го во алуминиумска фолија и загрејте го во рерна.
Ако сакате свеж леб наутро, извадете го пред спиење и ставете го на чиста кујнска крпа преку ноќ.
извор:готви.мк