Живот и Стил

Ситни колачиња без печење: Бомбици со кокос и банани

Ситни колачиња без печење: Бомбици со кокос и банани

Ако сакате ситни и вкусни колачиња без мака и печење, ова е рецептот за вас.

СОСТОЈКИ:
2 банани
50 гр. шеќер во прав
100 гр. кокос
250 гр. мелени бисквити
кокос за валкање

ПОДГОТОВКА:

Се лупат бананите и се матат со шеќерот во прав за да се добие смеса без грутки, а се препорачуваат што е можно позрели банани во рецептот.
Се додава кокос и се меша со лажица, па се става малку повеќе од половина од количината на бисквитите и се меси со раце, додавајќи ја постепено останатата количина бисквити додека месите.
Се прават топчиња, се валкаат во кокос.

извор:готви.мк

To top