Млада италијанска манекенка Никол (18), ја понудила својата невиност на аукција.
Таа вели дека на овој потег се одлучила, кога во својата 16 година, сфатила колку е невиноста скапоцена, но дека на тоа морала да почека до полнолетство.
Целта на ваквата аукциска продажба е тоа што Никол од заработените пари сака да си плати студирање во Велика Британија и да им купи куќа на своите родители.
Никол за британските медиуми вели дека сака да се пресели во Велика Британија и да се запише на бизнис студии во Кембриџ.
Моментално највисоката понуда на оваа аукција изнесува нешто малку повеќе од милион евра.
Сепак, Никол своите намери не и ги открила на своето семејство, бидејќи се плаши дека ќе се откажат од неа.
18-Годишната манекенка ја продава невиноста преку сајтот Elite Models VIP, а наводно има доста заинтересирани.
Инаку, тоа е страница која нуди услуги на најелитните ескорт модели, како што се зајачиците на Playboy и други познати светски порно ѕвезди.
Во ноември минатата година, 19-годишната американка Жизел ја продаде својата невиност на неименуван бизнисмен, по пат на аукција, кој понудил повеќе од една холивудска ѕвезда и руски политичар, односно за три милиони долари.
извор:кајгана.мк