Не е само проблемот во тоа што е неубаво кога ќе видите некој што го прави тоа или што вашите нокти се грди …
Секогаш кога ги грицкаме ноктите, ризикуваме да „закачиме“ вируси и бактерии, што на долг рок го ослабува имунолошкиот систем, а потоа секој нов напад на патогени микроорганизми станува се повеќе и повеќе ризичен. За ова не предупредува Адам Фридман, професор по дерматологија на Универзитетот Џорџ Вашингтон.
– Кога ги ставате ноктите во уста, нема граници за бактериите и вирусите и нивниот влез во телото, што може да резултира со преладување, но исто така и со сериозен вирус на желудник. Ако одгризете поголем дел, чувствителната кожа под ноктите е изложена на милиони патогени микроорганизми. Нашата уста е полна со бактерии, па затоа може лесно да се заразите – објаснува Фридман.
Една од најчестите форми на инфекција е паронихија, која може да предизвика оток, црвенило, болка и појава на гнојни испакнатини.
извор:попара.мк