Живот и Стил

Крчка во рерна: Запечен компир со павлака и сланина

Крчка во рерна: Запечен компир со павлака и сланина

Пробајте го овој фантастичен рецепт со компири со сланина и павлака кој е брз и едноставен.

СОСТОЈКИ:

1 кг. компири
200 гр. сирење
2 канчиња кисели павлаки
50 гр. сланина
сол, вегета и масло

ПОДГОТОВКА:
Се лупи и сече компирот на кришки и се вари во солена вода 7-10 миути.
Се сече сланината на коцки и кратко се пропржува.
Се спрема сос од сирењето изронето мешано со павлака и малку сол.
Се става на плех со малку масло компир со вегета, па сланина, па пола сос.
Се става пак ред компир со вегета и се става горе една шолја вода од таа во која се варел компирот.
Се става останатиот сос и се става масло.
Се пече на 180 степени на загреана рерна 30 минути

извор: готви.мк

To top