Хотелот Александар Палас ќе биде најубавото место во Македонија. Во организација на интернет магазинот www.vobelo.com се организира 9-от саем за венчавки. Програмата е интересна и интерактивна. Оваа година ќе има изложувачи и од Грција,Шпанија Италија и Србија кои ќе донесат свежина на македонскиот пазар во овој сегмет, а секако новината е и во делот на тоа што се приклучува и студио за шминка кое дополнително ќе ја олесни главоболката на идните невести во делот на шминка и фризура. Петокот е свечено отварање со ревија на познатите во венчаници, сабота и недела ќе имаме можност да видиме неколку индивидуални модни ревии, на наши креатори но и нови колекции на познати светски брендови ќе се представат кај нас оваа година.
За прв пат саемот е интернационален, па така освен нашите најдобри дизајнери на саемот свое учество ќе земат и групацијата White Angels со четири шпански, еден италијански бренд(Моника Лорети, Ханибал Лагуна, Ману Гарсија…) како и еден од најдобрите српски дизајнери на венчаници Дјук-Предраг Дјукниќ. Причина повеќе да бидете дел од оваа манифестација е и можноста да добиете картичка за попуст од изложувачите кој секако, доколку го искористите, може во целосниот пакет на планирање да ви направи голема заштеда од предвидениот буџет за свадба.
Ако просекот на склучени бракови во една година во Македонија е околу 15 000, тоа значи дека околу 30 000 семејства ќе се подготвуваат за најубавиот ден, денот на свадбената веселба. Најмалку 300 000 гости ќе се веселат на Елено моме, на свадбените бонбони и фрлањето бидермаер на нечија свадба во текот на оваа година.Токму поради сите нив, односно идните снаи и зетовци, сватови и кумови, идните девери и деверуши и сите останати гости, го организираме 9-ти пат овој традиционален саем за венчавки.
Интернет порталот Во Бело одговорно и креативно го подигнува нивото на културата за венчавките и со месечните 250 000 посети и е лидер во оваа област, при тоа создавајќи го трендот на организацијата на свадбениот ден. И како што свадба без невеста не може, така и саемот без изложувачите не може. Но, секако потребно ни е да имаме и добар домаќин и водител, а оваа година е Александра Илиевска од колинарското шоу Брза Кујна.
Александра Илиевска е во брак три години, а со убава фотографиајa да потсетиме на нејзината свадба и да ве поканиме да сте дел од овој настанн кој ќе ја одбележи 2019та.
Организатор на единствениот свадбен викенд во Македонија е интернет магазинот Во Бело www.vobelo.com.