Живот и Стил

8 симптоми на рак на грлото на матката кои не треба да ги игнорирате

8 симптоми на рак на грлото на матката кои не треба да ги игнорирате

Речиси постојано слушаме за симптомите за рак на дојката, но кај жените постои уште еден вид рак кој за жал е многу чест – рак на грлото на матката. Овој рак е навистина тешко да го забележите во раниот стадиум бидејќи речиси и да нема забележливи симптоми. Поради ова на жените им се препорачува да прават пап тест еднаш годишно, почнувајќи од нивната 21-ва година. Овие симптоми не се многу познати, но добро е да ги знаете за да можете да реагирате навреме.

 

1. Абнормално вагинално крварење и исцедок

Секоја промена во вашиот менструален циклус треба да му ја кажете на лекарот. Ако вашата менструација е пообилна од вообичаено, ако крварите кога не треба или ако имате обилен исцедок веднаш консултирајте се со вашиот лекар за да ја откриете причината. Голема е веројатноста дека нема да станува збор за рак, но важно е да знаете што ја предизвикало промената.

2. Болка во карлицата

Болката во карлицата е уште еден симптом на рак на грлото на матката. Болката може да биде навистина остра, а може да биде и послаба. Ако прв пат чувствувате болка и таа не е поврзана со вашиот менструален циклус, најдобро е да разговарате со вашиот лекар.

3. Болка за време на секс

Болката за време на секс може да биде предизвикана од многу причини. Но, ако одеднаш почувствувате болка која е нова за вас, може да станува збор за рак на грлото на матката. Се разбира, нема потреба веднаш да паничите, туку најдобро е да го посетите вашиот лекар и да ја откриете причината.

4. Отоци и болки во нозете

Ако ракот е во понапредна фаза, може да дојде до отекување и полка во нозете. Ако се случи ова, веднаш одете на лекар. Дури и ако не станува збор за рак, сигурно има некаков проблем кој треба да го решите.

5. Скршеници на коските

Скршениците на коските се уште еден знак на рак во напредна фаза. Кога ракот се проширува, тој може да влијае на вашите коски и да ги направи кршливи.

6. Слабеење

Ако почнете да слабеете без причина, тоа може да е од разни здравствени проблеми. Ако сте ослабнале без промена во исхраната и начинот на живот, а имате и некој друг од овие симптоми, најдобро е да разговарате со лекар.

7. Крварење по менопауза

Ако веќе сте во менопауза а сепак имате вагинално крварење, треба да откриете што е причината. Ова е најчест симптом на рак на грлото на матката и важно е да го проверите.

8. Сте пушеле цигари

Ова не е симптом, но е ризичен фактор. Ако пушите, или сте пушеле во минатото, можно е да имате двојно поголем ризик за рак.

Ако имате кој било од овие симптоми, не треба веднаш да донесувате заклучок и да сметате дека имате рак на грлото на матката. Посетете го вашиот лекар и дозволете му да открие што навистина е проблемот.

Погледнете ги и овие вистини за ракот на грлото на матката кои треба да ги знаете.

извор:кафепзауза.мк

To top