Како и по секоја операција, така и по царскиот рез е важно да одморате и да му дадете време на телото да закрепне. Заздравувањето обично трае шест недели, а во тој период треба да внимавате, односно да избегнувате да правите одредени нешта. Погледнете за што станува збор.
1. Избегнувајте да подигнувате што било потешко од вашето новороденче како и тешки физички активности. Исто така, избегнувајте ги и обврските низ домот што е можно подолго за побрзо да ви зарасне раната.
2. Не е препорачливо да возите барем 6 недели по породувањето со царски рез. Некои движења ќе ви предизвикуваат болка и неколку месеци по операцијата.
3. Не заборавајте да пиете многу течности. Многу жени имаат проблем со столицата по царскиот рез бидејќи стомакот е премногу чувствителен. Поради ова важно е да пиете многу вода, да се храните здраво и да се движите откако ќе можете.
5. Избегнувајте сексуални односи 6 недели по породувањето. Сексот може да биде болен и непријатен, а на раната ѝ е потребно време за заздравување.
6. Избегнувајте скали барем две недели по царскиот рез. Ако спалната или собата на детето се на горниот кат, најдобро е привремено да се преместите долу. Кога ќе почнете да се качувате по скали, одете бавно и внимателно. Можете и да замолите некој да ви помогне во текот на одењето.
7. Ако имате температура или болка која не поминува и станува посилна, немојте да ја игнорирате. Тоа може да биде знак за инфекција.
8. Избегнувајте лежење во полна када, миење со жешка вода, како и капење во базен додека не ви зарасне раната и не престане крварењето. Исто така, избегнувајте употреба на тампони.