Живот и Стил

8 јасни знаци: На вашето тело му недостасува витамин Ц

8 јасни знаци: На вашето тело му недостасува витамин Ц

Луѓето со ниско ниво на витамин Ц многу брзо се заморуваат, а нивното расположение се менува со неверојатна брзина

Витамините и минералите се неопходни за целокупното здравје на организмот, а витаминот Ц е меѓу најважните. Повеќето луѓе знаат дека овој витамин го подобрува имунитетот и штити од многу болести.

Меѓутоа, тој е многу поважен: придонесува за раст на клетките, ја подобрува циркулацијата и генерално придонесува за способноста на телото да се развива и одржува.

Недостатокот на овој витамин може да биде сериозен проблем. Следниве осум знаци покажуваат дека вашето тело има недостаток на витамин Ц:

Замор

Луѓето со ниско ниво на витамин Ц многу брзо се заморуваат (дури и по доволно сон) и имаат намалено ниво на енергија. Меѓутоа, бидејќи заморот може да биде поврзан со разни болести, недостатокот на витамин Ц може да биде тешко да се дијагностицира како една од причините.

Промени во расположението

Недостатокот на витамин Ц може да влијае и на емоционалната состојба, а тоа најчесто се рефлектира со многу „краток фитил“ и раздразливост, дури и ако луѓето инаку не се склони кон промени во расположението.

Губење на тежина

Ниското ниво на витамин Ц може да доведе до необјаснето губење на тежината, па дури и до неухранетост.

Болка во телото

Досадна, пулсирачка болка во мускулите и/или зглобовите може да сигнализира недостаток на витамин Ц, иако овој симптом понекогаш може да остане незабележан или да биде заменет со други болести, како што е артритис.

Модринки

Друг знак што може да укажува на недостаток на витамин Ц во телото е лесното формирање на модринки. Ако забележите модринки, дури и по лесни „удари“, или ако имате модринки по телото и не се сеќавате дека сте се удриле, најдобро е да посетите лекар.

Орални заболувања

Витаминот Ц е неопходен за добро орално здравје, така што неговиот недостаток може да влијае на распаѓањето на непцата. Оваа болест некогаш била позната како скорбут, а тоа е знак дека недостатокот на витамин Ц е многу сериозен.

Сува кожа и коса

Косата што е сува, дури и по редовните третмани со регенератор, и сува кожа која е иритирана дури и по редовна употреба на крема, исто така може да биде знак за недостаток на витамин Ц во телото.

Инфекции

Бидејќи витаминот Ц е неопходен за целокупното здравје, како и за здравјето на имунолошкиот систем, неговиот недостаток може да влијае на слабеење на имунитетот и на побрз и почест развој на настинки, грип и други инфекции.

извор: попара.мк

To top