Живот и Стил

8 докази дека сте во врска со емоционално стабилен маж

8 докази дека сте во врска со емоционално стабилен маж

Се грижи доволно за вас и вашата врска, не ги турка работите под тепихот, туку дискутира и за најситните детали сѐ додека не најдете заеднички јазик.

Многу жени сакаат да веруваат дека се состануваат со емоционално стабилен маж, но неретко, за жал не е така.

Некои мажи едноставно не може да се пофалат со внатрешна убавина, додека на други тоа им е најсилната страна.

Докази дека се состанувате со емоционално стабилен маж:

Емпатичен е – ве разбира без зборови и никогаш не ги игнорира вашите проблеми.

Сака да е близок со вашите блиски луѓе – вашите пријатели ги смета и за свои пријатели, а ги сака и цени членовите на вашето семејство.

Ве штити од токсични врски – отворено ви кажува кога некој манипулира со вас и се грижи за вашето ментално здравје.

Одличен слушател е – навистина ве слуша, не ве прекинува среде реченица и не смета дека вашиот став секогаш е погрешен, а неговиот правилен.

Не се плаши од дискусија – се грижи доволно за вас и вашата врска за да не ги турка работите под тепихот, туку дискутира и за најситните детали сѐ додека не најдете заеднички јазик.

Се расправа фер – кавгите не ги претвора во натпревар кој кого повеќе ќе повреди, туку зборува смирено и внимава што ќе каже.

Ја контролира импулсивноста – спонтаноста е добра, но не и кога тоа води да ја изгуби третата работа по ред или па да вреска по вас, без да се грижи за вашите емоции.

Се знае себеси многу добро – сака да напредува, да биде подобар во односите со луѓето, но и во секоја сфера од животот, го интересираат туѓите мислења, а особено вашето.

To top