Живот и Стил

7 видови овошје кои можат да бидат опасни по здравјето на дијабетичарите

7 видови овошје кои можат да бидат опасни по здравјето на дијабетичарите

Овошјето се смета за еден од најздравите меѓуоброци. Не само поради тоа што содржи голем број витамини и растителни влакна, туку и поради тоа што е нискокалорично.

Но, одредено овошје кое има повисок гликемиски индекс може да биде опасно за дијабетичарите.

Гликемискиот индекс е нумеричка скала која се користи за одредување колку брзо одредена храна го зголемува нивото на гликоза во крвта. На пример црната рибизла има гликемиски индекс 15, додека пак зрела банана 60.

Низок гликемиски индекс изнесува од 9 до 55, средно-висок е од 56 до 69, додека пак висок гликемиски индекс е над 70.

„Храната со висок гликемиски индекс може да го натера телото да се обиде да произведе ниво на инсулин за да се спротивстави со јаглехидратите, а вообичаена последица на тоа е чувството на глад два до три часа“, велат од „diabetes.com.uk“.

За лицата со дијабетес ова може да биде исклучително опасно поради тоа што способноста на телото да го контролира нивото на гликоза во крвта е намалено или воопшто не постои.

Овошјето со висок гликемиски индекс е: банана, портокал, манго, грозје, суво-грозје, урми и круши.

Овошјето со низок гликемиски индекс е: слива, кива и грејпфрут.

„Намирниците со низок гликемиски индекс, како што се житарици, овошје, зеленчук се оние кои треба да ги јадеме и за да бидеме поздрави“.

Примери за други намирници со висок гликемиски индекс се: шеќер и слатка храна, слатки безалкохолни пијалаци, леб, компир и бел ориз.

извор:точка.ком.мк

To top