Живот и Стил

7 природни начини: Вака може да спречите создавање на камен во бубрегот…

7 природни начини: Вака може да спречите создавање на камен во бубрегот…

Поради недостатокот на течност во телото настануваат микроскопски кристали и наслаги во урината. Каменот во бубрегот се јавува поради: дехидратација, дебелина, нагло слабеење, нездрава исхрана.

Еве како на природен начин да спречите создавање на камен во бубрегот:

1. Хидратација

Водата е извор на животот. Сетете се на тоа, па ставете си вода во чаша и испијте ја. Луѓето кои што имаат песок или пак камен во бубрегот често од докторите добиваат совети да пијат што повеќе вода – по можност околу 3 литри на ден.

2. Намалување на натриумот

Доколку внесувате голема количина натриум, тогаш може да настане камен во бубрегот. Храната која што содржи голема количина натриум е: преработена храна, конзервирана храна, крекери, солена храна, сувомеснати производи, брза храна итн.

3. Повеќе зеленчук, помалку месо

Доколку јадете многу црвено месо, месо од живина, јајца и морски плодови, може да настане до создавање и акумулација на киселина.

4. Кажете „не“ на строгите диети

Диетата е стрес за организмот, а тоа никако не е добро за вашите бубрези.

5. Не откажувајте се од калциум

Доколку сакате да избегнете создавање камен во бубрегот, намалете го внесувањето на калциумот, но не смеете да го исфрлите од исхраната затоа што може да доведе до создавање на камен во бубрегот. Калциумот во комбинација со оксалатите има тенденција за врзување во цревата со што се намалува создавањето на каменот.

6. Здрава тежина

Дебелината предизвикува создавање на камен во бубрегот. Луѓето склони кон дебелеење повеќе јадат солена, преработена храна, како и брза храна и месо, а тоа не смее да се случи доколку сакате да се заштитите.

7. Зголемете го консумирањето на магнезиумот

Магнезиумот веројатно ќе го сведе на минимум создавањето на каменот во бубрегот.

извор:точка.ком.мк

To top