Иако премногу кофеин може да предизвика несоница, немир и забрзана работа на срцето, во поголемиот дел од случаите кафето е всушност благотворно за здравјето.
Кофеинот е најкористената психоактивна состојка на светот и тоа со добра причина – тој нè буди наутро, нѝ помага да си ги извршиме обврските и нè полни со енергија.
Меѓутоа, луѓето често се грижат дали треба да го ограничат внесувањето на кофеин или потполно да го исфрлат од употреба.
Иако премногу кофеин може да предизвика несоница, немир и забрзана работа на срцето, во поголемиот дел од случаите кафето е всушност благотворно за здравјето.
Анализата која ги споредувала резултатите од 200 истражувања покажала дека луѓето кои консумираат три или четири шолји кафе дневно имаат 19 отсто помал ризик да се соочат со смрт од кардиоваскуларни болести.
2.Поздрав црн дроб
Девет научни истражувања покажале дека кафето го намалува ризикот од цироза на црниот дроб. Една шолја кафе дневно го намалува тој ризик за 22 отсто, две за 43 отсто, три за 57 отсто, а четири за дури 65 отсто.
3.Дијабетес тип 2
Едно големо истражување покажува дека секоја дополнителна шолја кафе на ден е поврзана со седум отсто помал ризик на развој на дијабетес тип 2.
4.Депресија
Едно големо истражување кое било спроведено на 50 илјади жени покажало дека една шолја кафе го намалува ризикот од развој на депресија за 15 отсто, а две до три шолји дневно за 20 отсто.
5.Рак
Научното истражување кое било објавено во европско списание за превенција на рак покажало дека љубителите на кафе (оние кои пијат најмалку три шолји дневно) имаат 18 отсто помал ризик за развој на рак на црниот дроб, матката, усната шуплина и простатата.
6.Алцхајмерова болест и деменција
Мета-анализата од истражувањата околу влијанието на кафето на мозокот, покажала дека љубителите на кафе имаат отприлика 16 отсто помал ризик од заболување од Алцхајмерова болест или деменција.
7.Општа смртност
Истражување извршено на половина милион Европејци кое се спроведувало во период од 16 години покажало дека мажите кои пијат три или повеќе шолји кафе дневно имаат 12 отсто помал ризик од прерана смрт, во однос на оние кои не пијат кафе. Кај жените ризикот е помал за седум отсто.