Живот и Стил

7 најчести грешки кои ги правите за самопотемнување: Еве како подолго да го задржите тенот

7 најчести грешки кои ги правите за самопотемнување: Еве како подолго да го задржите тенот

Многумина се одлучуваат до потемен тен да дојдат со помош на производи за самопотемнување. Но, понекогаш тенот не излегува онака како што сме очекувале – изгледа како зебра или имаме големи темни линии.

1. Неподготвена кожа

Едн од тајните за убава потемнета кожа која трае е пилингот. Пред нанесување на производ за самопотемнување, кожата би требало да биде целосно чиста и сува.

2. Пилинг и бричење

Иако пилингот е неопходен, сепак треба да знаете како да го нанесувате. Една од најчестите грешки е бричење или пилинг непосредно пред нанесување средство за самопотемнување. Пилингот или бричењето направете ги еден или два дена пред нанесувањето.

3. Преголема количина

Убавата темна боја се добива со време. Немојте да паднете во замка и првиот пат да нанесете премногу од производот. Бојата градете ја постепено.

4. Не користете ракавици

Нанесувањето средство за самопотемнување со голи раце веројатно е една од најлошите грешки. Козметичарите препорачуваат да користите ракавици за да избегнете дамки на рацете. Ако сепак нанесувате со раце и сакате и тие малку да потемнат, измијте ги половина час по нанесувањето.

5. Брзо нанесете го производот

Започнете со потешко достапните места, како задниот дел од телото, позади колената и под рацете и полека тргнете кон полесно достапните делови.

6. Производот нема време да се исуши

После нанесувањето на производот, почекајте целосно да се исуши пред да се замотате со пешкир или облечете. Избегнувајте движења кои можат да го размачкаат или пренесат производот на друг дел од кожата.

7. Не хидрирајте ја кожата

За бојата да трае подолго, клучно е да ја одржувате кожата хидрирана. Тоа е важно за постепено зголемување на сјајот на кожата.

извор: точка.мк

To top