Мртвото море, морето на смртта – се имиња за соленото езеро кое се наоѓа меѓу Јордан и Израел, во кое соленоста на водата изнесува 33 отсто.
1. Мртвото море е најголемата светска депресија. Тоа солено езеро се наоѓа на 400 метри под површината на светското море на Блискиот исток меѓу Јордан и Израел. Длабоко е околу 400 метри.
2. Нивото на водата на Мртвото море не расте поради тоа што околу него владее пустинска клима со температури од 40 степени Целзиусови во летните месеци кои доведуваат до големо испарување. Од друга страна, дождовите таму се многу ретки.
3. Соленоста на Мртвото море е околу 33 отсто. За споредба, Средоземното море има околу 3 отсто дол. Мртвото море не е најсолено езеро на светот. Од него посолено е Асалското езеро во источна Африка (35 отсто сол).
4. Поради високиот процент на сол условите за живот се многу лоши во Мртвото море. Во таа вода можат да преживеат само ретки микроорганизми.
5. Солта и минералите во водата ги погодуваат здравите поединци, па не е ниту чудно што таму од минатото доаѓале да се лекуваат луѓе кои патат од псоријаза и други кожни болести и болести на коските.
6. Поради високото ниво на сол во водата таа е густа и оневозможува пливање, а никој не може ниту да потоне во неа. Но, тоа не значи дека местото не е опасно.
7. Лековитата кал од Мртвото море уште старите Египќани ја користеле за балсамирање на мумии.
извор: точка.мк