Нема ништо поважно за жената од нејзината коса. И покрај фактот што служи за да се изрази и вашиот концепт за убавина, вашата коса може многу да каже за тоа што се случува во вашето тело.
Еве ги шесте главни виновници за губење на косата кај жените и начините за справување со секоја ситуација:
1. СТРЕС
Висок стрес игра главен фактор во губењето на косата. Високо стресни сценарија како развод, смрт на некој близок, крајно токсични односи или стрес поврзан со работата, сите играат улога во губењето на косата.
Што да направите: Овој вид губење на косата е привремен и запира во моментот кога ќе го прекинете стресот. Сепак, најдобро е да се обидете да преземете одредени чекори за борба против стресот. Можете да направите повеќе вежби, да разговарате со терапевт, или да побарате поддршка од оние кои можете да им верувате.
2. БРЕМЕНОСТ
Бременоста е мешавина на хормонални промени и физички стрес што може да влијае на вашата коса. Иако не е чест случај за жените да ја изгубат косата за време на бременоста, најчестите случаи се случуваат по раѓањето. Тоа е затоа што минува низ период кој е интензивно стресно искуство, кое неизбежно ќе влијае на вашата коса.
“Кога имате навистина стресен период, тој може да го шокира циклусот на коса, (туркајќи) повеќе коса во фазата на опаѓање” објаснува д-р Марк Глашофер, дерматолог од Њујорк.
Што да направите: Овој тип на губење на косата не е нешто за што треба да бидете многу загрижени, бидејќи вашата коса повторно ќе почне да расте, веднаш откако вашето тело ќе се ослободи од стресот.
3. ДРАСТИЧНО ГУБЕЊЕ НА ТЕЖИНАТА
Дури и ако е добро за вас, фактот дека вашето тело поминало низ таква драматична промена е неизбежно стресно за вашиот систем. Овој стрес, заедно со потенцијалниот дефицит на хранливи материи, ќе придонесе за губење на косата.
Што да направите: Шокот од ненадејно губење на тежината ќе предизвика косата да падне за околу шест месеци, а потоа ќе порасне сама без никаква интервенција.
4. ЛОША ИСХРАНА
Дефицитот на хранливи материи игра многу важна улога во губењето на косата. Јадењето брза храна, високо калорична храна или било која друга нездрава диета ќе предизвика вашето тело да ги искористи малите хранливи материи кои се присутни за клучните операции, како што се срцето и другите витални органи.
Поради ова, вашата коса нема да добие ниту една од хранливите материи што и се потреби за да расте и да остане на вашата глава доволно долго. Исто така, недостаток на количество на вода може да предизвика ослабена “кршлива” коса, бидејќи коса е 40% вода.
Што да направите: Променете ги вашите навики во исхраната и воведете здрава храна во вашето секојдневие. Бидете сигурни дека внесувате доволно витамини и минерали.
5. ДИХИДРОТЕСТОСТЕРОН(DHT)
DHT(дихидротестостерон) е одговорен за опаѓање на косата кој е уште исто познат како андроген ефект. Истовремено ова опаѓање влијае и од вашите маснотии околу стомакот. DHT се произведува преку конверзија на тестостерон кај жени со помош на хормон наречен DHEA. Овој проблем е почест кај мажите, но жените, исто такам може да страдаат од овој проблем.
Што да направите: Постои храна кој може да се бори и да го блокира DHT. Конзумирајте повеќе зелен чај и семки од тиква. Исто така, се препорачува советување со вашиот лекар.
6. ТРИХОТИЛОМАНИЈА
Трихотиломанија е пореметување на импулсивната контрола по сегашната класификација, но сеуште има прашања околу тоа како би требало да се класифицира. Очигледно наликува на навика, зависност, тик или обсесивно –компулсивно пореметување. Во поскоро време се концептуализира како дел од пореметувањата на повторувачко однесување спрема сопственото тело “body-focused repetitive behaviors” (BFRBs) заедно со чепкањето на кожата и грицкањето на ноктите. Трихотиломанијата е пореметување кое предизвикува лицето да си ги кубе влакната од скалпот, од брадата, градите, нозете, од веѓите,трепавиците и други делови на телото, што резултира со видливи голи полиња.
Што да направите: Консултацијата со терапевт е најважниот чекор што треба да го направите во оваа ситуација. Постојат начини да се третира ова нарушување.
И навистина, без оглед на причината, ако забележите дека ја губите косата, треба веднаш да разговарате со вашиот општ лекар или да одите на дерматолог. Губењето на косата не само што не е убаво, но може да значи многу здравствени проблеми, почнувајќи од стрес до автоимуни болести. Грижете се за вашето здравје и сакајте ја косата!