Живот и Стил

6 начини како вашиот парфем да трае подолго

6 начини како вашиот парфем да трае подолго

Oткривме совршени трикови за долготрајниот ефект на парфемите на вашата кожа ….

Ако сте типична жена, твојот ден не може да оди без неколку капки парфем. Без оглед на тоа дали имате „еден“ омилен или сте љубител на откривање на нови мириси, знаеме дека сакате да го задржите вашиот парфем колку што е можно подолго на кожата. И да оставете  „трага“  каде и да одите..

Долготрајноста на мирисот на вашата кожа не зависи само од парфемот, туку и од некои други трикови, на пример, овие шест трикови кои треба да ги применувате.

Ставете го парфемот веднаш по туширањето

Можеби не сте знаеле, но вашите пори се отвораат кога се  туширате и ако го примените парфемот веднаш по туширањето, вашата кожа подобро ќе го „упие“, односно парфемот ќе се чувствува подолго на вашата кожа.

Хидрирајте ја и негувајте ја вашата кожа

Пред да ставите парфем, внимавајте да ја хидрирате кожата бидејќи парфемите не треба да се нанесуваат на сува кожа. Во овој случај, тоа трае многу пократко отколку ако го ставите на негувана кожа.

Не тријте ги вашите зглобови

Многу жени имаат навика по нанесувањето на парфемот да ги тријат зглобовите на рацете. Избегнувајте го ова. Имено, триење предизвикува „разбивање“ на мирисот на парфемите. Едноставно нанесете го парфемот и оставете да се исуши без триење.

Нанесете парфем на пулсните точки

Ако сакате вашиот парфем да трае што е можно подолго, проверете дали го применувате на точките на телото каде што го чувствувате пулсот. Значи, на рачниот зглоб, вратот, градите. Исто така, препорачуваме да го нанесете и зад ушите.

Изберете парфем кој има силни ноти

Кога барате парфем, одберете оној чии основни состојки се малку посилни, бидејќи таков парфем ќе трае подолго. Бор, пачули, ванила и мошус се ноти кои траат подолго време.

 Не претерувајте со мириси

Гел за туширање, млеко за тело, дезодоранс, парфем …. Не е ли тоа е многу? Ќе мирисате на неколку различни мириси, луѓето ќе паднат во несвест. Користете една нота. Ако ги користите сите споменати, парфемот нека биде  доминантен, а останатите со неутрални мирисини ноти.

To top