Се ближи месецот март, но и влегувањето на Марс и Венера во Водолија, што ќе донесе финансиски пресврт кога се во прашање одредени хороскопски знаци
И додека сите го чекаме март, кој ќе ни донесе олеснување, тоа конечно ќе се случи бидејќи Меркур веќе влезе во Водолија. Со планетите во Јарец немаше шеги, а во моментов сите сè уште го чувствуваме притисокот на обврските и одговорностите, но тоа ќе се промени во март, па полесно ќе дојдеме до пари.
Знаците кои ќе имаат пари во март се Лав, Рак, Водолија, Бик и Шкорпија.
ЛАВ – По финансиската криза од јануари и февруари, доаѓа март, кој ќе ви донесе поголем прилив на пари. Сонцето, Меркур и Јупитер во Риби ви носат можност да го решите прашањето за наследството. Исто така, Лавовите ќе имаат можност да добијат спонзорство за проект. Одличен месец за располагање со туѓ имот.
РАК – Сонцето во Риби ви носи пари од странство. Тоа може да биде и соработка со странска компанија. Со посредство на Рибите можете да заработите повеќе пари. Исто така, планетите во деветтото поле ви носат можност да добиете платено патување.
ВОДОЛИЈА – Ова е година полна со изненадувања за вас. Веќе сте финансиски обезбедени, а во март планетите работат за вас, па ќе имате можност да заработите на основа на дополнителна работа. Припадниците на вашиот знак ќе добијат понуда за подобро платена работа.
БИК – Меркур во Риби ви носи можност да заработите пари со пријателите. Личност со воден знак со која се дружите ќе ви понуди можност да заработите пари заедно врз основа на некој проект. Исто така, ова е можност да се добие „работа преку врски“.
СКОРПИЈА – Се што правите ќе ви се исплати. Ако имате некое хоби, март е вистинско време да го направите ваша примарна работа за заработка. Исто така, доколку се занимавате со угостителство или спорт, март ќе биде успешен за вас.
извор: попара.мк