5 совети за чист дом: На овој начин, вашата куќа секогаш ќе изгледа уредно и чисто!

30 Мар , 2018 Живот и Стил

5 совети за чист дом: На овој начин, вашата куќа секогаш ќе изгледа уредно и чисто!

По напорниот ден на работа, никој не е расположен да го расчистува нередот од правењето на појадокот или пак од вечерата од претходниот ден. Со неколку едноставни чекори, можеме да ја одржуваме куќата чиста секој ден. Подолу, откријте пет начини како вашиот дом да биде уреден и чист.

Наместете го креветот штом ќе се разбудите
Ви требаат само неколку секунди за да го наместите креветот, затоа направете го тоа штом ќе станете. Ова ќе ве натера да се чувствувате порелаксирано веднаш, и собата автоматски ќе изгледа посредена.

Измијте ги садовите додека готвите
Хаосот кога готвите може да биде ноќна мора, но ако го средите, додека готвите, нема да имате никакви проблеми. Додека се крчка сосот, а тестенините се варат во друг сад, можете да ги измиете сите садови што претходно сте ги користеле и додека јадењето биде готово се ќе биде чисто.

Здиплете ја облеката веднаш штом ќе дојдете од работа
Не ја оставајте облеката на столиците по станот. За нејзиното диплење, навистина ви требаат неколку секунди, затоа направете го тоа веднаш и олеснете си го животот.

Избришете го мијалникот по користењето на козметиката
По утринската шминка или вечерната козметичка рутина веднаш избришете ја површината на мијалникот. Ова ќе остане чисто подолго, без прашина или дамки од пудрата.

Раздигнете пред спиење
Пред да одите во кревет, здиплете го ќебето со кое сте биле покриени додека каучот гледавте серија, ставете ги перничињата на место, тргнете ги чиниите и чашите кои ги користевте. За ова не ви треба многу време, а во утринските часови нема да видите неред веднаш штом ќе ги отворите очите.

, ,


Comments are closed.