Живот и Стил

5 шик есенски комбинации за кои секогаш ќе добивате комплименти

5 шик есенски комбинации за кои секогаш ќе добивате комплименти

Се наоѓаме во оној дел од годината кој го одбележува слоевито облекување. Температурите се движат од неколку степени до повеќе од 20 степени, а речиси секое утро излегуваме облечени во јакни и мантили и се враќаме дома носејќи ги преку раце.

Но, токму есента, а потоа и зимата на многумина им е омилениот дел од годината кога станува збор за облекувањето бидејќи обезбедуваат цела низа можности за модни игри.

Доколку сте во потрага по модна инспирација, во продолжение издвојуваме неколку есенско-зимски комбинации на сметка на кои секогаш ќе добивате комплименти.

Плетиво + топ + сатенско здолниште
Плетивата се повторно дел од нашата гардероба, а истите одлично изгледаат во комбинација со сатенски здолништа кои на секое издание му даваат доза на шик и елеганција. Една таква комбинација одлично функционира и со патики.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francesca Saffari (@francescasaffari)

Кардиган + црни панталони + патики
Оваа удобна и шик комбинација изгледа совршено и е создадена за секој ден. За да ги разиграте црните панталони, одберете кардиган во впечатлива боја кој ќе ја подигне целата комбинација на повисоко ниво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Turkington (@kimturkington_)

„Statement“ јакна + џинс здолниште + чизми
Џинс здолништата беа омилено парче во 2023 година, а нивната доминација продолжува и во сезоната есен-зима, кога ќе ги носиме со чизми. Во комбинација со впечатлива јакна целата комбинација станува уште подобра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NNENNA 🧚🏾 (@nnennaechem)

Плетен фустан + голема чанта + бајкерски чизми
Плетените фустани се можеби и најпопуларниот модел во студениот дел од годината. Тие се носат во разни комбинации и пригоди, а во пар со бајкерски чизми изгледаат одлично. Големата чанта е супер додаток во комбинацијата која можете да ја надополните со ремен за истакнување на струкот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella Cohen (@isabellecoheen)

Кошула со риги + елек + карго панталони
Кошулата со риги е парче кое според многу модни експерти треба да биде дел од секој ормар. Станува збор за парче кое може да се носи преку целата година, а во комбинација со карго панталони и патики станува дел од шик, лежерна комбинација како создадена за прошетка или дружење со пријателите.

извор:точка.ком.мк

To top