Сонот на секој родител е дека неговото дете биде среќно и задоволно, а паниката настанува кога родителот сфаќа дека тоа не е така едноставно.
Сонот на секој родител е дека неговото дете е среќно и задоволно, паниката се создава кога сфаќа дека тоа не е така
Вашите деца треба да бидат среќни, но не можат да бидат среќни цело време. Ако размислите малку подобро, ни Вие не сте среќни цело време, нели? Имате различни чувства кои се испреплетуваат: среќа, гнев, тага, а понекогаш и осаменост. Ако сакате вашето дете секогаш да биде среќно, тогаш им испраќате погрешна порака, бидејќи тоа ќе им донесе разочараност на долг рок.
Еве малку помош.Кога се сеќавате на периодот кога сте биле дете, дали сте имале сè што сакавте? Дали сте биле среќни цело време?
Ако сте загрижени дека вашето дете е несреќно, тогаш обрнете внимание на овие 5 работи:
- Запомнете дека среќата не се купува
Тоа е исто како кога се обидувате да ја купите нивната љубов, но тоа едноставно не е можно. Вашето дете ве сака Вас повеќе од се на светот, па затоа поминувајте го времето со своите деца што е можно повеќе.
2. Помогнете им на децата да стекнат пријателство на долги стази
На сите ни требаат пријатели и на вашето дете ќе му треба помош во овој дел. Кажете им зошто е важно пријателството и како тоа се развива. Обидете се да не го преместувате вашето дете од едно во друго училиште, туку потрудете се да има константна група на пријатели околу себе, освен ако не постојат оправдани причини за пренесување, како на пример насилство.
3. Уживајте во улогата на родител
Колку често Вашето дете ве гледа среќни? Родителството е тешко, но не му дозволувајте на вашето дете да види замор и тага на лицето, особено нервоза. Треба да им покажете колку ви значат нив и дека го сакате тоа што сте родител.
4. Учете од Вашето дете
Децата се одличен извор на различни лекции. Уживајте во нив и откријте го светот заедно. Нивниот агол на гледање е многу подобар и поведар од нашиот.
5. Научете го вашето дете дека среќата е прашање на избор
Кога ќе се разбудите, имате избор за тоа како да го поминете денот. Можете да седите и да се жалите или да се забавувате. Детето тоа ќе го научи најдобро од Вашиот пример.