Со влегувањето во 2024 година, многу луѓе ќе донесат новогодишни одлуки, од кои повеќето ќе бидат поврзани со здравјето и долговечноста.
Д-р Брет Озборн, невролог и експерт за долговечност од Флорида, за „Fox News Digital“ открил 5 проверени основи за подобро здравје и подолг живот до кои секој од нас треба да се придржува.
1. Јадете храна со низок гликемиски индекс
На секоја намирница ѝ е доделен број од 0 до 100 врз основа на тоа како влијае на нивото на шеќер во крвта.
Луѓето треба да ја добиваат дневната доза на јаглехидрати од зеленчук, додека треба да избегнуваат едноставни јаглехидрати вклучувајќи шеќер, леб, тестенини и ориз, храна со гликемиски индекс поголем од 40.
„Јадете големи количини на масти – маслиново масло, авокадо, јаткасти плодови и путер – за да го истренирате вашето тело да согорува масти наместо шеќер и умерени количини на протеини (од немасно месо и риба) за поддршка на вашата мускулна маса“, препорачува Озборн.
2. Фокусирајте се на тренингот за сила
Губењето на мускулите поврзано со стареењето не е поврзано само со слабост, туку и со когнитивно опаѓање, поради што е важно да се заштитат мускулите преку тренинг за сила.
3. Следете го вашиот крвен притисок
„Не постои полесен начин да се намали ризикот од болести поврзани со возраста од следење на крвниот притисок“, вели д-р Озборн.
Неконтролирано високиот крвен притисок го зголемува ризикот од развој на притисок во вашите коронарни или каротидни артерии, што може да доведе до срцева слабост или мозочен удар.
Најдобар начин за одржување на здрав крвен притисок е да се храните чисто, да вежбате секојдневно и да го намалите стресот.
4. Проверувајте ја вашата крвна слика
Проверувајте ја вашата крвна слика на секои 6 месеци, особено ако сте во поодминати години.
5. Избегнувајте стрес
За да го намалите нивото на стрес, д-р Озборн препорачува релаксирачки активности како што се јога, медитација, масажа, поминување време на плажа или одење во инфрацрвена сауна.