Живот и Стил

5 начини да се ослободите од досадните комарци и да ги спречите нивните убоди ова лето

5 начини да се ослободите од досадните комарци и да ги спречите нивните убоди ова лето

Постојат неколку едноставни начини да ги совладате проблемите со комарците во станот и на вашата кожа. На пролет и на лето пристигнуваат досадните инсекти – комарци. Искористете ги овие 5 работи и намирници од вашата куќа и да го спречите нивниот “напад“.

Дали знаевте дека лукот ги одбива комарците? Тој всушност го крие мирисот на јаглен диоксид кој го испуштате, а освен тоа мирисот на сулфур кој се ослободува од вашата кожа исто така ќе ве направи понепосакувани за овие летни штетници.

Комарците можат често да ви досадуваат доколку имате недостаток од витамин Б, покажуваат истражувањата. Кога ќе земете малку повеќе витамин Б отколку што му е потребно на вашиот организам може да предизвикате зголемено потење на кожата, а за комарците тој мирис е одбивен. Јадете храна богата со витамин Б1 како што се говедското месо, портокали, јајца, семки, грашок или едноставно земете си дополнителен Б1 витамин.

Ванилата е природно средство за борба против комарците. Ставете две лажици ванила во една чаша вода ставете ја во шише и испрскајте се со тој раствор по вашето тело. Ванилата ќе му направи камуфлажа на мирисот на вашето тело и ќе ги задржи комарците подалеку од вас.

Комарците се посебно наклонети да го напаѓаат телото кое мириса на лосион, лак за коса, парфем па дури и дезодоранс. Доколку користите лосиони тогаш инсистирајте тие да бидат со поостар мирис на лаванда, босилок, рузмарин или еукалиптус.

Исто така земете кесичка лаванда или босилок и ставете ја во вашиот гардеробер. Така ќе ги избркате комарците и останатите инсекти од вашата куќа вклучувајќи ги и молците.

Извор: точка.мк

To top