Поголем дел од луѓето не патат од недостаток на овој витамин, а тој вообичаено се појавува кај луѓето кои не можат да ги апсорбираат хранливите материи од храната.
Но, како што вели докторката по општа медицина – Кристен Елизабет Холц, доколку имате недостаток на витамин Е, постојат клучни симптоми на кои треба да обрнете внимание.
1. Слабост
Доколку не внесувате доволно витамин Е, вашите мускули трпат оксидативен стрес којшто доведува до општа слабост.
2. Трпнење
Недостатокот на витамин Е може да предизвика периферна невропатија, односно трпнење во рацете и стапалата.
3. Проблеми со координација
Уште еден несакан ефект при недостаток на витамин Е во организмот е лошата координација. Имено, недостатокот на овој витамин може да доведе до разбивање на одредени неврони во мозокот кои се клучни за контрола на движењето.
4. Оштетен вид
Светлосните рецептори во мозокот можат да претрпат оштетување доколку не внесувате доволно витамин Е преку намирниците. Тоа со текот на времето може да доведе до оштетување на видот, најчесто тоа се случува во вид на замагленост.
5. Ослабнат имунитет
Кога вашиот имун систем не функционира баш како што треба, организмот потешко се бори против инфекциите и болестите. Витаминот Е е клучен и му помага на имунитетот затоа што го поддржува развој на Т-клетките кои помагаат во борбата со инфекции.
извор:точка.ком.мк