Лубеница- омилената летна радост на скоро сите! Кој би одбил сочно парче од истата на овие горештини? Сочна и неверојатно лековита. Но, често при купувањето на лубеница, продавачите знаат да ни подметнат незрели лубеници со лош вкус.
Затоа, од голема важнот е да ги знаеме следните 5 лесни и клучни белези, кои откриваат дека лубеницата е совршена:
1. Дамка
Кога ќе ги погледнеме лубениците, големите бели дамки ни фаќаат око. А токму тие се клучен детаљ. Дамките се образуваат на местото, кое било во непосредна близина со самата земја, при созревањето на лубеницата. Најзрелите лубеници се оние со кремасто-жолти дамки, понекогаш дури и златно-кафеави.
Односно белото дно е индикатор за несозреана лубеница, а кафеавото за лубеница совршена за консумирање.
2. Белег во облик на пајажина (Бели линии)
На кората од лубеницата секогаш има белег, кој наликува на пајажина. Тој се образува при опрашувањето на цветовите, од страна на пчелите. Колку подобро е опрашена една лубеница т.е колку се поизразени белите линии, толку посладок ќе биде нејзиниот плод.
3. Машка или женска
Можеби не сте знаеле, но и лубениците имаат свој пол. Машките лубеници имаат поиздолжена, блага правоаголна форма, додека пак, женските лубеници се повеќе заоблени, во форма на круг. Се смета дека првиот вид се поводени, додека вторите се послатки.
4. Големина
Кога станува збор за големината, многумина веруваат дека колку е поголема лубеницата, толку подобро. Во крајна сметка, сите сакаме да го купиме најдобриот производ кој ќе трае повеќе време. Но, наместо најголемата, секогаш избирајте да купите лубеница со средна големина. Ниту преголема, ниту премала.
5. Опашка
Опашката на лубеницата открива колку е таа зрела. Доколу опашката е зелена, тоа значи дека предвреме бил наберен плодот, што воедно е знак дека лубеницата нема да биде вкусна и слатка. Сувите и жолто-кафеави опашки се знак дека таа ќе биде слатка и совршена.
извор:нане.мк