Живот и Стил

5 фризури кои ќе бидат апсолутен хит за есен 2018

5 фризури кои ќе бидат апсолутен хит за есен 2018

Сезоната пред нас ветува малку напор и совршено стилизирана коса!

 

Не сте сигурни како да ја стилизирате косата сега кога солена морска вода и сончеви денови се речиси зад нас?

Не очајувајте, ние истраживме пет есенски трендови кога станува збор за стил на коса и верувајте ќе ви се допаднат на прв поглед, пишува Космополитан.Есен е како што сме навикнати идеално време за промени во обликот и должината на косата.Без разлика дали тоа се шишки и драматичен рез, или само сакате поинаков и подобар изглед на косата без посета на фризерски салон, не грижете се, мислевме на се.

За инспирација, да прејдеме директно на фотографиите и какви фризури ќе носиме во наредниот период.

Релаксирани бранови

За разлика од типичните “beachy” бранови во вашата коса, во овој случај, трикот е посебно да се свитка секој прамен и да се оттргне од лицето со цел да се добие целосна структура и задолжително исчешлајте и разбушавете ги  брановите за воедно да добиете опуштена и стилска коса.

Измазнета коса

Повторно во мода, и тоа особено во првите есенски денови. Се разбира дека можете сами да го направите овој изглед! Со малку гел за коса, чешел и лак, направете фризура за некои од вашите гламурозни настани.

Паж фризура

Ако сте подготвени за големиот чекор и сакате изглед што говори самиот по себе, боб фризурата ќе ви биде најпаметната опција и оваа есен. Погледнете како тоа го прави Ким: модерно и кул. Дали воопшто ни треба нешто повеќе од тоа?

Диви локни

Секогаш, но секогаш во мода ќе биде природно кадравата коса, дива и нескротлива! Ако сакате да бидете шик оваа есен, ќе ја стилизирате исто како Сиера!

Танк шишки

Овие лесни, неоптеретувачки шишки ќе бидат првиот чекор во менувањето на вашиот изглед. Клучот е во опуштеноста, никој не е фан на проверка дали секое влакно е на свое место на редовна основа.

извор:попара.мк

To top