Можеби не сте навикнати да ги јадете семките од лубеница, но нивната хранлива вредност ќе ве убеди да ја промените таа практика. Семките од лубеница имаат малку калории и се богати со хранливи материи.
Семките од лубеница содржат малку калории
Голем грст семки од лубеница тежи околу 4 грама и содржи околу 23 калории, а печените семки се навистина здрава закуска.
2. Тие се богати со магнезиум
Магнезиумот е еден од неколкуте минерали што се наоѓаат во семките од лубеница. Во 4 грама семки има 21 мг магнезиум, што е 5 % од препорадневната дневна доза.
Националниот институт за здравство препорачува возрасните да внесуваат 420 мг од овој минерал дневно. Магнезиумот е клучен за многу метаболички функции на организмот и е потребен за одржување на нервните и на мускулните функции,
3. Содржат железо
Еден грст семки од лубеница содржи околу 0,29 мг железо или околу 1,6% од препорачаната дневна доза. Можеби не изгледа како многу, но возрасните треба да внесуваат 18 мг железо на ден.
Железото е важна компонента на хемоглобинот и му помага на вашето тело да ги претвори калориите во енергија. Но, семките од лубеница содржат и фитат, кој ја намалува апсорпцијата на железото и ја намалува нивната хранлива вредност.
4. Добри масти
Семките од лубеница се добар извор на мононезаситени и полинезаситени масни киселини. Овие масти се корисни во заштитата од срцев и од мозочен удар и го намалуваат нивото на „лошиот“ холестерол во крвта.
5. Цинк
Семките од лубеница се добар извор на цинк. Во 30 грама семки има околу 26% од препорачаната дневна доза. Цинкот е важна хранлива материја, неопходна за имунолошкиот систем. Тој е неопходен и за нормално функционирање на дигестивниот и на нервниот систем, за растот и за поделбата на клетките и за функционирањето на сетилата за вкус и мирис.
извор: кафепауза