Живот и Стил

4 причини зошто не треба да слушате музика додека трчате

4 причини зошто не треба да слушате музика додека трчате

Слушањето музика за време на трчање е светски тренд. Многу спортисти практикуваат да трчаат слушајќи ја омилената песна.

Но, колку и да е тренд, постојат и многу причини зошто не треба да слушате музика додека трчате.

Свесни сте за се

Кога трчате без слушалки на уши, можете полесно да го слушате сопственото тело и лесно да забележите дека треба да го промените ритамот. Кога трчате со слушалки на уши, потешко е да го следите ритамот на телото, затоа што го следите ритамот на музиката.

Подобро се концентрирате на дишењето

Најдобар начин да се исполни целта е правилното движење и дишење. Но, кога трчањето станува поинтензивно, на телото му е потребно повеќе кислород, поради што ние стануваме изморени. А кога стануваме изморени, престануваме да дишеме правилно, поради што телото уште повеќе се умара.

Ќе ја зајакнете металната издржливост

Често пати музиката ве води напред, поради што многумина стануваат зависни од неа и во неа бараат мотивиација. А тоа значи, дека менталната и свесна издржливост не е доволно јака колку што треба да биде.

Ќе бидете посилни

Во прилог на менталната издржливост, трчањето без музика ќе ве направи посилни, што значи дека трчањето без музика ќе ви помогне го следите ритамот на вашето тело. И откако ќе ги препознаете вистинските можности на вашето тело и мускули, ќе можете полесно да се придвижите кон поинтензивна работа.

извор:среќа.мк

To top