Проблемите со штитната жлезда, од воспаленија до нејзина ослабена функција станаа болести на современите жени поради, како што се верува, сè постресниот начин на живот.
Пред сè ова е генетски наследна болест или слабост на организмот, а потоа под влијание на начинот на живот, проблемот се интензивира што значи дека здравјето на штитната жлезда може да се оптимизира со правилен избор на нутриенти.
Селен
Селенот има есенцијална улога во конверзија на хормонот Т4 во Т3, односно активен облик на хормон, така што сериозниот недостаток на селен доведува во намалување на Т3, што пак доведува до симптоми на хипотироидизам. Соодветниот внес на селен го поддржува ефикасното создавање на тироидни хормони и ја штити жлездата од оштетување поради преголемата изложеност на јод.
Намирници богати со селен се рибата, бразилските ореви, пилешкото месо, јајцата и семките од сончоглед.
Цинк
Истражувањата покажуваат дека и хипотироидизмот и хипертироидизмот доведуваат до недостаток на цинк. Цинкот исто така игра улога во функционирањето на имунолошкиот систем, а ниското ниво на цинк е забележано кај лицата со прекумерна тежина. Овој минерал е потребен за претворање на Т4 во Т3 и затоа е потребно да го зголемите и неговиот внес.
Намирници богати со цинк се остригите, семките од тиква и конопот.
Железо
Железото е исто така потребно за конверзија на Т4 во Т3. Лицата кои примаат терапија со тироидни лекови кои лекуваат и анемија, би требало да обрнат внимание на интеракцијата, како со храната богата со железо, така и со суплементите за негово покачување во организмот. Не би требало да се земаат во истовреме туку да почекате 4 часа со консумација на намирници богати со овој минерал, по редовната терапија со тироидни лекови.
Намирници богати со железо се зелениот лиснат зеленчук како спанаќ, рукола, блитва…
Омега-3
Омега-3 масните киселини се есенцијални масни киселини што значи дека организмот не може да ги синтетизира, туку мора да се внесуваат преку исхраната. Омега-3 масните киселини се наоѓаат во масната морска риба како што се лососот, туната, сардините, харингата, скушата и бакаларот.
Нутриционистите препорачуваат внес на риба барем 3 пати неделно, особено масна морска риба која е богата со овие киселини.
извор: точка.мк