Живот и Стил

4 модни грешки поради кои зимската облека ве прави покрупни!

4 модни грешки поради кои зимската облека ве прави покрупни!

Секоја сезона си има свои предности и недостатоци во поглед на модниот свет. Но, внимавајте, во овие зимски денови, можеби е најлесн да погрешите со дебелите зимски алишта и наместо да ја истакнете, вие да ја искривите вашата правилна силуета. Еве ги четирите модни грешки, кои не би требало повеќе да ги повторувате:

Слоевито носење на дебели зимски блузи

Доколку сакате да изгледате ,,истанчено” во зима, во никој случај не треба да практикувате слоевита облека. Внимавајте на дебелината на зимските волнени или плетени блузи кои понекогаш поради студот и лошите временски услови ги практикуваме. Но, во секој случај, доколку го правите тоа, бидете свесни дека визуелно ќе ја изгубите вистинската линија на телото и наместо тоа би изгледале тркалезно.

Високи чизми

Високите чизми се хит секоја зима, но внимавајте на другата лоша нивна страна штом станува збор за изгледот. Тие визуелно ја скратуваат фигурата и може да ве направат пониски од колку што сте.

Палто без струк

Доколку навистина полудувате по ова палто, користете ремен кој би го ставиле на средината на начин што би се нагласила половината и успешно би се следела и изразила линијата на вашата фигура. Во другиот случај, палтото без струк не е баш добар избор.

Ефект ,,вреќа”

Сите сакаме да почувствуваме комоција, особено во зима. Но, доколку сакаме да се чувствуваме убаво, а и да изгледаме навистина така, можеби малку би тебало да издржиме за убавината. Широките блузи се навистина ин оваа сезона и се следени и презентирани од многу познати блогерки ширум светот. Но, во секој случај, тие се комбинираат со тесни панталони, хеланки или фармерки. Во спротивно би се добил ,,ефектот вреќа” кој можеби од сите горенаведени примери, најповеќе би ја изобличил реалната силуета

извор:шеталиште.ком.мк

To top