Живот и Стил

4 модели на кожна јакна кои ќе владеат со пролетните трендови

4 модели на кожна јакна кои ќе владеат со пролетните трендови

Како што зимата е незамислива без бунди, есента без капути, а летото без лелеави фустани, така пролетта е незамислива без кожени јакни.

За пролетната сезона дизајнерите се потрудија да ги подигнат кожените јакни на повисоко ниво и да ги унапредат оние стари класични парчиња на кои сме навикнати и да им додадат некој впечатлив детал.

Кожената јакна одлично се комбинира со речиси сите парчиња облека, одлично оди со панталони, фустани, туники, фармерки, но и тренерка.

1. XL кожна јакна

Оваа сезона гломазните кожени јакни ќе бидат едно од омилените парчиња во гардеробата на речиси секоја дама. Лесно може да се комбинираат со спортски парчиња, но и со деловни, како бела кошула.

2. И јакна и сако

Практично парче кое можете да го носите и како дел од деловниот стајлинг.

3. Класиците не излегуваат од мода

Кожената јакна секогаш оди одлично со фармерки и е идеален избор за сите оние кои сакаат класични парчиња облека.

4. Кожна јакна во боја

Јакна во светли бои е идеален избор за дами кои сакаат да експериментираат со облеката. Кралската сина боја ќе биде еден од трендовите кои ќе ја одбележат пролетта 2022 година.

извор: попара.мк

To top