Живот и Стил

4 маски за лице со летно овошје – исчистете ја кожата и вратете ѝ го блескавиот изглед

4 маски за лице со летно овошје – исчистете ја кожата и вратете ѝ го блескавиот изглед

Летото нѝ нуди голем избор на овошје поради што е идеално време за правење на природни и ефикасни маски за разубавување.

Во продолжение ви претставуваме 4 едноставни рецепти со кои ќе ги искористите корисните својства на летното овошје за вашата кожа:

Лубеница за чисто лице

– 2 парчиња лубеница (без семки)

Измиксирајте ја лубеницата во блендер, а потоа распоредете ја по лицето. Оставете да делува 15 минути и измијте го лицето со топла вода. Лубеницата е моќен антиоксиданс и ќе направи вашето лице да изгледа чисто и блескаво.

Грозје за одморен изглед

– 1 шолја грозје

– 1 лажичка мед или жолчка

Покрај својот уникатен вкус, грозјето е богато со антиоксиданси и витамини. Измиксирајте ги сите состојки во блендер. Темелно исчистете го лицето, а потоа нанесете ја смесата. Оставете да делува 15 минути и исплакнете со вода. Вашето лице ќе изгледа одморено и посвежо.

Праска за сјајна кожа

– 1 праска

– 1 лажичка маслиново масло

Излупете ја праската, изрендајте ја и исцедете го сокот од неа. Додајте 1 лажичка маслиново масло и нанесете ја смесата на лицето. По 10 минути исплакнете со млака вода. Ваквата маска е погодна за сите типови на кожа, а истата можете да ја применувате најмалку еднаш неделно за најдобри резултати.

Ананас, папаја и манго за меко лице

– 3 парчиња папаја

– 1 парче ананас

– 2 парчиња манго

– лажичка мед

Ставете ги сите состојки во блендер и измиксирајте ги. Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Ќе бидете воодушевени од мекоста и сјајот на кожата.

Извор: точка.мк

To top