Живот и Стил може да си наштетите

3 вида пијалаци кои е најдобро да ги избегнувате по вежбање

3 вида пијалаци кои е најдобро да ги избегнувате по вежбање

Газираните пијалаци можат да ве дехидрираат ако ги пиете во големи количини. Истиот ефект може да настане ако сте веќе дехидрирани – нешто што се случува по напорен тренинг. Па, подобро почекајте неколку часа по тренинг пред да се напиете газиран пијалак.

Кога сме жедни и треба да се хидрираме по интензивна активност како трчање, возење велосипед или вежбање во теретана, често пиеме погрешен пијалак.

Важно е да знаете дека нема потреба да се откажувате од овие пијалаци, но избегнувајте да ги пиете веднаш по тренинг.

За кои пијалаци станува збор?

1. Газирани пијалаци

Газираните пијалаци можат да ве дехидрираат ако ги пиете во големи количини. Истиот ефект настанува и ако сте веќе дехидрирани – нешто што се случува по напорен тренинг.

Па, подобро почекајте неколку часа по тренинг пред да се напиете газиран пијалак.

Доколку веднаш сакате да пиете нешто газирано, подобро земете минерална вода со свеж лимон.

2. Алкохолни пијалаци

Алкохолот може да биде диуретик, што ве става во поголем ризик од дехидратација, а недостатокот од течности може да предизвика непријатен мамурлак.

Наместо тоа, по тренинг подобро напијте се природен овошен сок, а ако сепак сакате алкохол, дозволено е едно пиво.

3. Кафе и пијалаци со кофеин

Вашето срце чука брзо, полни сте со адреналин и нема причина да додавате кофеин во оваа комбинација.

Пијалаците со силна кофеинска основа не го хидрираат организмот, а по вежбање важно е да го надополните изгубеното количество вода.

Наместо кафе, подобро е да се напиете какао по вежбање.

 

извор: crnobelo.mk

To top