Покрај безбројните совети за полесно и побрзо готвење и бројните рецепти кои внесуваат интересни вкусови и промени во нашите дневни менија, не би било лошо да одвоиме малку време да се занимаваме со самата кујна како простор во кој складираме храна, храна која сме ја подготвиле и онаа која ја планираме за следниот период.
Има многу совети, и традиционални, стари, бабини и модерни, во согласност со времето и потребите на современиот човек за да ја организира својата кујна и брзо и ефикасно да се снајде во неа. Ова се само некои од нив.
Како да ги отстраните непријатните мириси од пластичните кутии
Никој не е сосема сигурен зошто, но докажано е дека гужвањето на весниците и нивното ставање во пластични садови ќе ги отстрани непријатните мириси во текот на ноќта. Погрижете се само да ги измиете пластичните садови потоа, бидејќи весникот е прилично валкан и остава траги.
Трик за скршено јајца
Во случај да ви падне живо јајце, нешто што многу ќе ве изнервира во моментот, бидејќи најчесто паѓа и се крши на плочките на подот во кујната – не грижете се, само додадете малку сол и наскоро белката ќе се впие. После тоа, доволно е да ја избришете површината еднаш со влажна крпа.
Полирање на бакар
Исполирајте ги бакарните садови со кечап. Намачкајте кечап на крпа и истријте го на бакарно тенџере, тава, послужавник или што и да е. Исплакнете го во топла вода и ќе биде како ново.
извор:точка.ком.мк