Живот и Стил

3 реченици кои се поважни во љубовта од „те сакам“: Ги изразуваат и најдлабоките емоции

3 реченици кои се поважни во љубовта од „те сакам“: Ги изразуваат и најдлабоките емоции

Доколку партнерот ги изговори овие реченици тогаш треба да бидете сигурни дека навистина сака да бидете во неговиот живот.

1.Те почитувам

Основниот предуслов за добриот, квалитетен и здрав однос е почитта. Доколку некој отворено ви покажува почит и вели дека ве почитува, тогаш тоа има длабоко значење.

Значење: Те почитувам поради тоа што си, а не поради тоа што чувствувам дека заслужуваш. Ќе го почитувам твоето мислење и ќе го земам предвид.

2.Чувај се

Без разлика на тоа дали сте во врска со некој или пак постојат искри на привлечност, доколку партнерот ви ги изговори овие зборови тогаш бидете убедени дека навистина му значите.

Значење: Чувај се, затоа што ми значиш, затоа што сум грижлив дали ќе бидеш добро кога не сум тука. Чувај се затоа што мислам на тебе и кога не сум со тебе, кога сум некаде далеку. Чувај се затоа што ми е страв дека можеби нешто непријатно ќе се случи додека не сум тука да те заштитам.

3.Прости ми

Простувањето е една од најголемите човекови доблести и особено е важна во емотивните односи. Доколку некој вистински сакате, ќе бидете во состојба да му простите некои свесни или пак несвесни грешки.

Значење: Ти простувам поради сите работи кои ги направи, а кои можеби ме повредиле. Ти простувам работи кои си ги кажал по долг и напорен ден. Ти го простувам времето кога не си знаел дека си ме повредил.

To top