Живот и Стил

3 промени кои ќе му се случат на вашиот организам кога ќе престанете да јадете бел леб

3 промени кои ќе му се случат на вашиот организам кога ќе престанете да јадете бел леб

Лебот е за многумина омилена намирница без која не може да се замисли денот. Но, исто така оваа јаглехидратна “бомба” доаѓа во различни облици од кои некои се штетни за телото и линијата, додека други заслужуваат само пофални зборови.

Еве што се случува со вашето тело кога во целост ќе го исфрлите белиот леб од исхраната:

Ќе ги елиминирате килограмите предизвикани од вода

Лебот е преполн со јаглехидрати, а нивното нагло исфрлање од прехранбените навики се забележува речиси моментално на вашето тело, и тоа во облик на губење килограми. Но, не станува збор за инстант слабеење туку за губење на вишокот вода која се таложи во организмот.

Телото ги складира јаглехидратите во облик на гликоген, млечна киселина што собира вода. Секој грам јаглехидрати што е задржан во телото може да повлече и до 4 пати повеќе вода од својата тежина.

Нема постојано да бидете гладни

Преработените јаглехидрати со кои е полн белиот леб, во организмот предизвикуваат нагло растење и скок на шеќерот во крвта кој потоа многу брзо опаѓа. Ваквите промени му испраќаат нејасни сигнали на мозокот кои го зголемуваат чувството на глад и желбата за храна поради кои се дебелееме.

Но, тоа не значи дека мора во целост да се откажете од лебот, туку празните калории и белиот леб да ги замените со оној направен од цели зрна бидејќи тие го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

Ќе имате поголема енергија и вашата дигестија ќе се подобри

За разлика од интегралниот или црн, белиот леб не содржи влакна кои се потребни за нормална работа на цревата и дигестијата. Таквата храна предизвикува констипација и проблеми со дигестијата.

Откако ќе го исфрлите белиот леб од менито и во секојдневната исхрана внесете цели житарици, дигестијата ќе ја започне својата нормална работа.

Исто така, јаглехидратите се храна и гориво за мозокот. Ако тие се квалитетни, мозокот работи нормално, но ако храната за мозокот не е здрава, телото реагира негативно и се појавува чувство на малаксаност и умор.

извор:точка.ком.мк

To top