Живот и Стил

3 продукти за убавина на кои залудно трошите пари

3 продукти за убавина на кои залудно трошите пари

Пазарот за продукти за убавина се зголемува со неверојатна брзина, па секој ден се појавува барем еден нов производ. Поради ова, не е ни чудно што секоја посета на дрогерија завршува со вртоглаво висока сметка.

Креми за врат и деколте
Кожата на вратот и деколтето е навистина тенка и бара посебна нега. Имено, првите знаци на стареење се појавуваат токму во овој предел.
Но, ова не значи дека морате да купувате креми и разни продукти посебно за овој дел од телото. Важно е секојдневно да ја хидрирате кожата на вратот и деколтето, но тоа можете да го направите и со обична крема што ја користите за вашето лице.
Сè што треба да направите е да ја втриете кремата со нежни движења.

„Peel off“ маска за лице
Веројатно и вие, како и безброј други девојки, сте се убедиле дека „peel off“ маските за лице, особено црните, прават чуда. Отстранувањето на овие маски е навистина забавно и лицето можеби ќе ви изгледа посвежо, но нема да го добиете посакуваниот ефект – целосно исчистени пори и митесери.
Наместо да давате пари за овие маски, отидете на темелно чистење на лицето кај козметичар и митесерите ќе станат проблем од минатото.

Пена за бричење за жени
Помеѓу продуктите за бричење и депилација, пените за бричење се едни од омилените производи на повеќето жени. Но, освен тоа што се поскапи, тие воопшто не се разликуваат од „машките“ пени за бричење.
Доколку редовно го користите овој производ, најдобро е да купувате пена за мажи и ќе заштедите многу.

To top