Има и такви на кои патувањата во лето или пролет не им се примамливи, туку претпочитаат да патуваат во странство во текот на зимата.
Иако сите европски градови се, без сомнение, убави во секое време од годината, некои се во фокус само во текот на летото. Сепак, има и такви чии убавини доаѓаат до израз само во зимските месеци.
Бидејќи пандемијата на корона вирусот прво целосно оневозможи, а потоа го отежна патувањето, повеќето луѓе се одлучуваат за еден одмор во текот на годината, обично на лето.
Секако, има и такви на кои патувањата во лето или пролет не им се примамливи, туку претпочитаат да одат во странство во текот на зимата. Токму поради оваа причина за вас ги издвојуваме европските градови кои ќе ве маѓепсаат во наредните месеци.
Стокхолм (Шведска)
Гамла Стан, стариот град, палатите во и надвор од градот, парковите, улиците, покривите покриени со снег го прават амбиентот на овој град уште поидиличен.
Стокхолм е прекрасен и во текот на летото, но некако има поголем шарм во текот на зимата. Доколку случајно се најдете во него токму кога паѓа снег, одете директно во палатата Дротнингхолм, која е особено убава кога паѓа снег, пренесува Б92.
Париз (Франција)
Секоја зима во Париз се отвораат бројни лизгалишта, а сакале да им се придружите или не, посетете ја Големата палата на Елисејските полиња.
Амбиентот е прекрасен, се служат топли напитоци, разладен шампањ, а ако не сакате да лизгате, можете само да гледате додека другите лизгаат.
Хамбург (Германија)
Ако зимата е доволно студена, тогаш ќе имате „среќа“, па двете езера кои доминираат во центарот на градот ќе замрзнат, а кога тоа ќе се случи, Хамбург ќе стане град на мраз.
Одење, лизгање, штандови со колбаси и греано вино ќе го направат пикникот на мраз и престојот во Хамбург уште поубав.
извор: ипортал.мк