Кафето без сомнеж е еден од омилените напитоци за поголем дел од луѓето и многумина не можат ни да го замислат денот без него.
Меѓутоа, сертифициран нутриционист – Мекензи Бурџес, нагласува дека постојат одредени додатоци кои луѓето често ги ставаат во кафето, а таа воопшто не ги препорачува.
Иако бројни истражувања покажуваат дека дневното консумирање кафе го намалува ризикот од развој на дијабетес тип 1, ја подобрува енергијата и може да ни помогне подобро да ги решаваме проблемите и креативно да мислиме, додавањето на одредени работи во шолјата кафе може да поништи некои од неговите придобивки.
Овие три работи Мекензи вели дека не треба да ги ставате во вашето кафе доколку настојувате да ги задржите неговите здравствени предности:
– млеко;
– шеќер;
– вештачки засладувачи.
Како што објаснува оваа нутриционистка, овие додатоци можат да доведат до зголемен ризик од дијабетес и срцеви болести, воедно ги поништуваат сите придобивки кои ни ги носи кафето.
извор:точка.ком.мк